(ВИДЕО) Директен удар на два тенкови – украински и руски

Од:

Украинската 92-ра специјална механизирана бригада објави ретко видено видео на кое се гледа директен дуел на два тенкови – украински и руски.

Видеото, како што е објавено на социјалните мрежи, е снимено во градот Новоселивска во областа Луганск. Ова е област каде што се водат жестоки борби, пишува Слободна Далмација.

На видеото можете да се види како украински тенк се движи по уништениот терен и наеднаш од него одекнува блесок.

Проектилот бил испукан директно кон посовремен руски тенк Т-73 на околу стотина метри. Истрелот бил прецизен и дошло до експлозија на рускиот тенк, по што избил густ облак од чад.

“Екипажот на тенкот Т-64БВ влезе во тенковски дуел со рускиот Т-72Б3. Украинските тенкмени покажаа кој е газда во Украина! Од првиот истрел непријателскиот тенк се претвори во старо железо. Слава на Украина и тенковските војници! Победа наше е!“, изјавија Украинците во видео објавено на YouTube.

Би можело да ве интересира

Орбан пристигна во Москва кај Путин

Катерина Ѓуровски

Украинците се повлекоа од дел на Часив Јар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страотен руски напад на Днепар, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа клучното пристаниште во Русија со поморски дронови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите уништија пет украински авиони Су-27

(ВИДЕО) Ненадејна посета на Орбан кај Зеленски: „Побарав прекин на огнот и преговори“

Катерина Ѓуровски