Градоначалникот на Oпштина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска изврши увид во градежните активности кои во последниот месец од годината се реализираат во Стар Аеродром каде жителите досега се соочуваа со проблеми во урбаното живеење, недостаток на паркинг места, небезбедни пешачки зони, мал капацитет за собирање и одложување отпад, како и метеж во сообраќајот.
„Нашата цел е преку оваа градежна офанзива и преку реализацијата на низа проекти да создадеме соодветни услови за живот во овој дел од општината. Со градежните активности што ќе се имплементираат во наредниот период, Стар Аеродром ќе прерасне во поубаво и поквалитетно место за живење. Граѓаните ќе добијат стотина нови паркинг места, нови улици и пешачки патеки, како и детска градинка што овој месец ќе биде пуштена во употреба. Истовремено, наскоро ќе биде асфалтиран и завршен и паркингот зад Мајчин дом”, истакна градоначалникот Муцунски при постета.
Тој додаде дека ова се само дел од инвестициите кои тековно се започнати во општината, а кои согласно со визијата за поубав и посреден Аеродром со засилен интензитет ќе продолжат и следната година, при што најави дека во буџетот за 2023 година планирани се голем број инфраструктурни проекти и капитални инвестиции.
Со тековните инвестициски активности се инвестира во инфраструктурни проекти во секое населено место, а со тоа се потврдува заложбата за рамноменерен развој на секој дел од општината и за реализација на проекти со опфат на сите граѓани на Аеродром.