Герасимовски: Нова урбана опрема и зеленило на повеќе локации во Општина Центар

Од:

Изминатиот период Општина Центар постави нова урбана опрема, канти за отпадоци и паркинзи за велосипеди на повеќе локации во сите населби во општината.

„Старите клупи, оштетените канти за отпадоци и паркинзи за велосипеди ги заменивме со нови, изработени со материјали со висок квалитет. Досега, поставени се вкупно 37 нови клупи, 51 канта за отпадоци и 39 нови локери, односно паркинзи за велосипеди“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Покрај новата урбана опрема, општинските служби го обновија исушеното зеленило на неколку локации во околината на ТЦ „Буњаковец“, Дебар Маало, Сквер Јадран и населбата Капиштец.

Посадени се 6 јавори на улица „Партизанска“, на Сквер Јадран засадени се вкупно 23 дрва од видот јапонска цреша и 3 индиски јорговани. На улиците „Владимир Полежиновски“ и „Киро Крстевски Платник“ засадени се 15 јавори. На улицата „Радњанска“ (Боемска 2), Орце Николов и Скверот Буњаковец е обновено зеленилото и засадени се околу 200 нискостеблести и грмушести растенија, кои освен што ќе ги разубават улиците, придонесуваат и кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот, велат од Општината.

Општина Центар и градоначалникот Герасимовски упатуваат апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон урбаното зеленило, новата урбана опрема, да не ја кршат и оштетуваат, затоа што урбаната опрема и зеленилото се јавно добро и ни служат на сите граѓани кои живеат или транзитираат низ општината.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски