Приведени двајца крадци од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Вчера попладне, околу 17.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 36-годишниот Е.Н. и 30-годишниот М.Н., двајцата од гостиварски Градец, извести МВР.

– Тие се сомничат дека одзеле патничко моторно возило „лада нива“ со гостиварски ознаки, сопственост на 42-годишниот Н.Н. од село Градец. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата била задржани во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници