Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

Од:

Вчера попладне, во 16.30 часот на улицата „Мариовска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 48-годишниот Д.А. од Скопје, извести МВР.

– Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници