• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Пресечен меѓународен канал на недозволена трговија со хероин

by А1он01/09/2013 - 13:03133
Share0

Министерството за внатрешни работи во содејство со Царинската Управа пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин од Турција преку Грција и Македонија со крајна дестинација западно европските земји. Запленети се 2,43 килограми високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица. Наркотичната дрога доколку би се продала на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала околу 300.000 евра.

Добивај вести на вибер

При преземени координирани мерки и активности, вчера попладне околу 12.30 часот, на граничниот премин „Богородица“, при влез во Македонија, извршена е контрола на патничко моторно возило „Цитроен Ц 4“ сопственост на рента-кар компанија од Скопје, управувано од скопјанката А.С.(46).

При контрола во возилото, во багажниот простор, под тапацирите во фабричките празнини е пронајден хероин, спакуван во пет пакувања од по околу половина килограм, по што е одземен и предаден на Одделот за крим-техника заради вештачење.

Според досега документираните сознанија, Д.Ф. го организирал транспортот на хероинот, ангажирајќи ја претходно А.С. како транспортер, и помогнал околу пронаоѓање патничко моторно возило од рент-а-кар компанија од Скопје за одреден временски период за што дал и паричен аванс. По ова, на 27.08.2013 заедно со својата малолетна ќерка и со сопствено патничко моторно возило заминал за Турција, а А.С. во истиот период, исто така заминала за Турција со возилото кое претходно од Д.Ф. било најмено од рент-а-кар компанијата.

По пристигање во Истанбул, Д.Ф. го набавил хероинот и го сокрил во возилото „Цитроен Ц4“ на паркинг просторот пред хотел „Санџак“ каде што престојувал со А.С.

Кон Македонија Д.Ф. патувал со својата малолетна ќерка, во сопствен автомобил, а А.С. го управувала најменото возило и за време на транспортот постојано добивала инструкции од Д.Ф.
Согласно досегашните сознанија на МВР, ваквиот начин на кој Д.Ф. го организирал транспортот на хероинот не бил прв пат. Неговата малолетна ќерка е повторно инволвирана во криминалните активности. Првиот пат, на 28.05.2012, на граничниот премин „Ипсала“, на излез од Турција, при контрола на возило „БМВ“, сопственост и управувано од неговата сопруга, кога сопатници биле неговиот татко и малолетната ќерка, пронајдени се и одземени 38 пакувања со вкупна количина од 19,65 килограми хероин. Неговиот татко и сопругата се на издржување казна затвор во Турција. Освен бескрупулозната злоупотреба на сопствената ќерка, за Д.Ф. е карактеристично и користењето зголемената фрекфенција на граничните премини поради крајот на туристичката сезона.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен