Русија: На кралот Чарлс му е кажано да не контактира со руската амбасада

Од:

На британското кралско семејство му е препорачано да нема никаков контакт со руската амбасада во Лондон, изјавил рускиот амбасадор во Лондон.

На прашањето на „Известија“ дали имало каква било комуникација со кралот Чарлс Трети, рускиот амбасадор Андреј Келин одговори: „Не, и знам дека на членовите на кралското семејство им се советува да не контактираат со руската амбасада“.

„Обединетото Кралство е рај за пирати“

„Повеќето политичари на Запад се како некои еднодневни пеперутки кои не размислуваат за иднината и  се опседнати со собирање бескорисни политички поени. Затоа не можат да разберат што ќе се случи за еден месец или една година со Украина. “, рече Келин, како што пренесува Sky News.

„На крајот на краиштата, ако вака продолжи, Украина ќе стане пропадната држава, црна дупка која ќе мора да се закрпи. Руските бизнисмени, вклучително и таканаречените олигарси, не го сметаат Лондон за безбедно место. Сега никој не го смета Обединетото Кралство  безбедно засолниште; излегува дека тоа е рај за пирати“, додаде тој, пренесе Индекс.

Би можело да ве интересира

Руски брод пукал со сигнална муниција кон германски хеликоптер

Горан Наумовски

Роднина на Путин го откри приближниот број на исчезнати руски војници во војната со Украина

(ВИДЕО) Нападната руска база полна со бомбардери

Горан Наумовски

Русија: Руските вооружени сили гаѓаа воени аеродроми и складишта за муниција во Украина

Руските сили уништија 24 украински беспилотни летала над Русија

Зеленски вели дека не загинале 80.000 Украинци, туку многу помалку