Израелската војска соопшти дека околу главниот град, Тел Авив го распоредила домашниот противракетен систем „Железна купола“.
Израел, верниот сојузник на Вашингтон стравува од одмаздата на Дамаск на, чиј што режим му се закануваат САД, поради наводната употреба на хемиско оружје во граѓанската војна.
Израелските официјални лица настојуваат да се дистанцираат од затегнастоста на линијата Сирија-Запад и сметаат дека шансите Сирија навистина да го нападне Израел се мали.
Меѓутоа, сепак се подготвува, па на граѓаните веќе им се поделени гас маски и се мобилизирани воените резервисти.
Противракетниот систем е поставен најпрвин кон границата со Сирија, а официјални лица од армијата соопштија дека заштитата е проширена и на просторите на Тел Авив.
Елена Георгиевска