Иран екзекутираше уште еден учесник на протестите

Од:

Иран денеска јавно обеси човек осуден за убиство на двајца припадници на безбедносните сили, објави судската новинска агенција Мизан. Ова е втора егзекуција поврзана со антивладините протести за помалку од една недела.

„Маџид Реза Рахнавард беше јавно обесен утрово во (светиот шиитски град) Машхад… тој беше осуден на смрт за „водење војна против Бог“ откако избоде до смрт двајца припадници на безбедносните сили“, објави Мизан.

Иран во четвртокот го егзекутираше демонстрантот Мохсен Шекари, кој беше осуден на смрт поради прободување на чуварите и блокирање улица во Техеран за време на демонстрациите. Егзекуцијата беше осудена од САД и нивните сојузници.

Групите за човекови права велат дека Шекари бил мачен и принуден да признае. Амнести интернешенел соопшти дека иранските власти бараат смртна казна за најмалку 21 лице во, како што ги нарече, „лажни судења дизајнирани да ги заплашат оние што учествуваат во народниот бунт што го потресе Иран“.

Националните протести што избија по смртта на 16 септември на Махса Амини, 22-годишна Курдка од Иран, претставуваат еден од најголемите предизвици за Исламската Република од нејзиното формирање во 1979 година.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он