Откако руските сили синоќа со беспилотни летала ги нападнаа енергетските објекти во регионот на Одеса, илјадници корисници останаа без електрична енергија, соопшти Украинската оперативна команда Југ.
Засега нема информации за жртви, пренесува Интерфакс Украина.
Претходно командата на воздухопловните сили на Украина соопшти дека Русија синоќа го нападна југот на Украина со ирански камикази беспилотни летала Шахед.
Според извештаите, 10 од 15 дронови биле уништени.
Беспилотните летала се соборени над регионите Херсон, Николаев и Одеса.