Володин: Германија и Франција мора да платат отштета на жителите на Донбас

Од:

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, смета дека Германија и Франција мора да им платат отштета на жителите на Донбас, а Европејците да сфатат кој е одговорен за нивните проблеми.

„Германија и Франција мора да платат компензација на жителите на Донбас… А граѓаните на Европа треба да знаат за кого се во неволја – немање парно, струја, огромна инфлација, затворање на бизниси“, напиша Володин на Телеграм.

Според неговата проценка, ситуацијата во Украина е последица на „лажливата политика на лидерите на тие земји“.

Според Володин, во 2014 година, министрите за надворешни работи на Германија и Франција, како гаранти, потпишале документ за мирно решавање на проблемите меѓу легалните украински власти и опозицијата.

Тој додава дека се завршило, како што наведе, со државниот удар во Киев и геноцидот врз населението во Донбас и дека после тоа тие земји учествувале во склучувањето на Минските договори, кои никој не планирал да ги спроведе.

„Предпланираното неисполнување на обврските преземени со потпишување меѓународен договор не е само губење доверба, туку и злосторство за кое одговорност мора да сносат потписниците на Минските договори – Меркел, Оланд и Порошенко“, смета Володин.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски