Приведен крадец за сторени седум кривични дела, дополнително расчистени уште четири тешки кражби

Од:

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ извршени во периодот од 10.11. до 08.12.2022 од викенд куќи и куќи на подрачјето на Штип, извести МВР.

– Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти МВР.

„По преземени мерки и активности дополнително се расчистени уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во текот на 2022 од товарно моторно возило, бутик, стан и куќа, за кои постојат основи на сомнение дека ги извршиле Д.М.(33), С.С.(26), Е.М.(20) и еден малолетник, за кои од претходно се преземени мерки. По комплетирање на случаите против лицата до ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава