Денеска од печат излезе новиот роман на Живко Грозданоски насловен „Писмо за Глорија“, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.
По успешната прва соработка на „Куфер за тројца“, книга која беше финалист за „Роман на годината“, продолжуваме со поддршката и издавањето на новиот ракопис на еден од најталентираните автори на новата генерација македонски писатели.
Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност.
Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.