Мохамед бин Салман се сретна со Си Џинпинг во Ријад

Од:

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој пристигна во Ријад во својата прва официјална посета по речиси седум години.

За време на посетата се очекува кинескиот претседател да потпише енергетски договори во вредност од неколку милијарди долари со најголемиот светски извозник на нафта.

Пред посетата на Саудиска Арабија, Си рече дека оди на „пионерско патувања“ за да „почне нова ера во односите на Кина со арапскиот свет, арапските земји од Персискиот залив и Саудиска Арабија“.

Тој изјави и дека Кина и арапските земји ќе продолжат со политиката на немешање во внатрешните работи, со строго почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Саудискиот министер за енергетика вчера изјави дека Ријад ќе остане „верен и доверлив“ енергетски партнер на Пекинг и оти со формирањето на регионален енергетски центар во Саудиска Арабија, за снабдување на кинеските фабрики, соработката ќе се подобри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина