Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров најде нов аргумент против Западот, во – тоалет во Шведска.
Наведувајќи негативни примери од Западот на панелот на кој учествуваше, Лавров го сподели своето искуство со тоалетите во Шведска.
Како што раскажа, многу трауматично искуство му се случило на самитот на ОЕЦД минатата година, кога сфатил дека тоалетите се унисекс.
Sergei #Lavrov told of a shocking discovery of a gender-neutral toilet in #Sweden and told how "unhuman" it was. pic.twitter.com/H134ePI6ga
— NEXTA (@nexta_tv) December 7, 2022
„Она што го видов во Шведска кога бев на самитот на ОЕЦД минатата година… Простете ми за деталите, таму на пауза прашав каде е тоалетот. Ми покажаа врата со знакот „ТОАЛЕТ“ на неа. Прашав: „Дали е ова за жени или мажи?“ Ми рекоа: „Ние имаме сè заедничко“. Не верував, но навистина беше така. Не можете да верувате колку е нехумано. Едноставно не е човечко“, згрозено изјави Лавров.