Вагнер: Отворивме центар за соработка во Србија, ќе се пресметаме со либералните Руси

Од:

Групата Вагнер, руска приватна платеничка воена група со блиски врски со Кремљ, на Телеграм објави дека нејзиниот „резидентен културен и информативен центар на пријателство и соработка „Orly“ е формиран во Србија, пренесува Danas.rs.

„Ние брзаме да ве запознаеме со новиот резидент на ПМЦ Вагнер центар – Руско-српски културно-информативен центар за пријателство и соработка Орли. Идеолог и водач на Центарот е Александар Лисов“, наведуваат на Телеграм.

Во соопштението потсетуваат дека во 2017 година „како резултат на неговите добротворни активности, приштинските власти го вклучиле Лисов на листата на лица на кои им е забранет влез на територијата на непризнатата Република Косово“.

„Пресметка со руски либерали кои заминаа во Србија“

Тие наведуваат и дека мисијата на центарот е „спроведување на јавна дипломатија“ чија цел е зајакнување и развој на пријателските односи меѓу Русија и Србија со помош на „меката моќ“.

„Орлите, како штитеници на ПМЦ Вагнер центарот, се ангажирани во информативна конфронтација со руските либерали кои заминаа во Србија и се обидуваат таму да извршат антируски активности со цел да ја дискредитираат Русија и да ги влошат односите меѓу рускиот и српски народ“, пишуваат во соопштението.

Реагирајќи на Твитер, Ивана Страднер, научен соработник на Американскиот фонд за одбрана на демократијата и експерт за хибридна војна, руска пропаганда и дезинформации, потсети дека пред неколку месеци најавила ваков тип на соработка меѓу Русија и Србија.

„Пред неколку месеци најавив соработка меѓу Русија и Србија на полето на информациската безбедност, а луѓето ми велеа дека сум параноична! Соработката меѓу Вагнер центарот и Србија се случува. Кој дел од оваа порака не го разбира Западот“, напиша Страднер на Твитер.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија