Приведени две лица од Делчево за „перење пари“

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од СВР Штип лишени се од слобода 64-годишниот К.П. и 37-годишниот Д.П., двајцата од Делчево, извести МВР.

– Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. Притоа, со извршеното кривично дело причинета е материјална штета на Буџетот на РСМ во износ од 25.502.282 денари, соопшти МВР.

К.П. и Д.П. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски