Шеснаесет мртви во сообраќајна несреќа во источна Украина

Од:

Најмалку 16 лица загинаа, а четири се повредени во сообраќајна несреќа во источниот дел на Украина, под контрола на Русија, каде камион на руската армија се судрил со цивилен мини бус, соопштија денеска проруските власти.

Лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин изјави дека сообраќајната несреќа се случила на патот меѓу Торез и Чахтјорск.

-Трагедијата чинеше живот на 16 луѓе, вклучувајќи и некои наши бранители, рече Шушилин, не прецизирајќи го бројот на настрадани припадници на армијата.

На видео снимка од местото на несреќата, која ја пренесоа локалите медиуми, се гледаат две многу оштетени возила – мини бус и камион за превоз на војници со ознака V, еден од идентификациските знаци на руската армија во Украина.

Русија во септември ја припои украинската област Доњецк, која не ја контролира во целост.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa