Макрон во Тирана на самитот ЕУ-Западен Балкан: Среќен сум што сум денеска во Албанија

Од:

Францскиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџија Мелони пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Тирана дадоа куси изјави, откако беа пречекани од премиерот Еди Рама.

Макрон рече дека војната во Украина е безбедносно прашање за целиот регион, додавајќи дека енергетиката и процесот на интеграција се две други важни прашања за кои денеска ќе разговараат лидерите на регионот и на Европската унија.

-Среќен сум што сум денеска во Албанија, му благодарам на премиерот Рама за овој важен самит. Во рамките на чешкото претседавање имаме конкретни проекти за разговор. Важно е да има конкретни проекти за енергетиката и процесот на интеграција. Важно е да се работи на понатамошна солидарност. Ќе имаме можност да подготвиме заклучоци за енергијата, додаде Макрон.

За првпат по преземањето на функцијата, во Тирана допатува и италијанската премиерка, Џорџија Мелони, која во кусата изјава за медиумите рече „имаме голема одговорност кон балканските земји“.

-Ние имаме голема одговорност кон земјите од Балканот, особено по руската агресија. Важно е да се заврши процедурата за членство и има многу прашања на кои треба да работиме заедно, за економијата, кибер-безбедноста и други прашања, за кои знаете дека Италија е посветена. Ќе дадеме се од себе, сметајте на Италија, изјави Мелони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт