Кумановец нападна сограѓанин

Од:

Дваесет и седумгодишниот кумановец С.С синоќа на градскиот плоштад „Маршал Тито“ во Куманово со нож го нападна својот сограѓанин Б.К (55).

На инцидентот му претходела расправија, која што се случила во кафе барот „Нама“, по што Б.К заминал во казиното „Адмирал“.

За кратко време повторно се сретнале и С.С пред кафе барот „Клуб“, му нанел убодна рана на Б.К, во пределот на левото рамо.

Б.К. веднаш бил пренесен во кумановската болница, каде што е констатирана телесна повреда и е пуштен на домашно лекување.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С., а кај истиот е утврдено и присуство на алкохол во крвта од 2,29 промили.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода