Инфлацијата во Турција во пад првпат по повеќе од една година

Од:

Годишната инфлација во Турција во ноември е благо намалена, првпат по константниот раст пред повеќе од една година, соопшти денеска турскиот институт за статистика.

Потрошувачките цени за оваа година се зголемиле за 84,39 отсто во ноември во однос на растот од 85,51 отсто во октомври. Месечната стапка на инфлација во ноември изнесувала 2,88 отсто, споредено со 3,51 отсто во претходниот месец.

Тоа е првпат годишната инфлација да биде намалена од мај 2021 година.

Додека пандемијата и руската инвазија врз Украина ја поттикнаа инфлацијата ширум светот, економистите веруваат дека инфлацијата во Турција го поттикнало уверувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој тврди дека зголемувањето на каматните стапки предизвикува инфлација.

Традиционалното економско размислување вели дека зголемувањето на каматните стапки помага инфлацијата да се стави под контрола.

Ердоган побара каматната стапка до крајот на годината да биде едноцифрена. Турската централна банка на 24 ноември одлучи да ја намали каматната стапка на девет отсто, по серијата слични големи намалувања и покрај високата инфлација. Ердоган очекува дека неговиот модел, кој дава предност на растот, инвестициите, вработувањата и извозот, ќе даде резултати во новата година.

Најголемиот раст на годишните цени е забележан во секторот сообраќај од 107 отсто, а потоа следат цените на храната и безалкохолните пијалаци од 102,55 отсто.

Некои стручњаци ги доведоа во прашање бројките на државните институти, а Групата за истражување на инфлацијата која ја чинат независните економисти, соопшти денеска дека вистинската стапка на инфлација во Турција за ноември е 170,7 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски