Летот на компанијата „ИзиЏет“ од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за „можна бомба“ во авионот.
Според чешкиот аеродром, Ербас А320 полетал вчера од Краков, Полска за Бристол, кога бил пренасочен кон главниот град на Чешка каде безбедно слетал синоќа во 22.50 часот, објави „Гардијан“.
Аеродромот во Прага подоцна објави дека во авионот не е пронајден опасен предмет.