Претседателот Ебрахим Раиси ја пофали Исламската Република Иран како гарант на правата и слободите, бранејќи го владејачкиот систем наспроти антивладините протести во кои загинаа 300 луѓе, соопштија Обединетите нации.
Државниот орган задолжен за безбедност извести дека во немирите животот го загубиле 200 лица, меѓу кои и припадници на безбедносните сили, што е значително помал број од оној што го пријавиле меѓународните организации и групите за човекови права.
Last month Iranian police demolished a house which belonged to #Elnaz_Rekabi’s brother, BBC Persian has learned.
Iranian climber Elnaz Rekabi competed without a headscarf at a contest in South Korea in Oct.
She was forced to apologise.Davood, Elnaz’s brother, is also a climber pic.twitter.com/R6xL62Hefx
— Parham Ghobadi (@BBCParham) December 1, 2022
Паралелно со ова, на социјалните мрежи е објавено видео за кое се тврди дека ги прикажува властите како ја уриваат семејната куќа на Елназ Рекаби, алпинистка кој во октомври се натпреваруваше на меѓународен натпревар без марама. Рекаби подоцна рече дека тоа го направила ненамерно, но се верува дека го направила за да изрази поддршка за протестите.
Непоколебливи од бруталната репресија, демонстрантите продолжија со протестите, извикуваат слогани против врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и постојано бараат крај на исламската влада.
Видеата на социјалните мрежи покажуваат дека протестите продолжуваат во делови на Техеран и демонстрантите кои извикуваат „Убиецот Хамнеи мора да биде погубен“.
Властите ги обвинуваат надворешните непријатели, вклучувајќи ги САД, Саудиска Арабија и Израел, за бунтот.