Белимов: Скопје е блокиран град, ВМРО-ДПМНЕ кај пипне прави хаос

Од:

„Главниот град денеска е блокиран поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се оставени без јавен превоз, сообраќајот во една од најфреквентните сообраќајници е отежнат, автобусите се преполни, скопјани се оставени сами на себе“, вели Никола Белимов член на Градска организација на СДСМ.

„Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос. Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ ја предводи градската власт, толку беше потребно за партијата предводена од Христијан Мицкоски да направи хаос во главниот град.

Јавниот превоз е во колапс, а катастрофална е ситуацијата и другите градски јавни претпријатија каде раководните органи, управните и надзорните одбори се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таквата неспособност и неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму граѓаните на Скопје. Градоначалничката Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за скопјани“, изјави Никола Белимов член на Градска организација на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?