Законот за поткуп на медиумите денес дел од скринингот, ЕУ предупредува дека за измените се потребни консултации со новинарските здруженија

Од:

Во рамките на билатералните средби за скрининг на Поглавјето 23, кои почнаа вчера во Брисел, а продолжуваат и денес, ќе се разговара и за медиумите и за слободата на изразување, велат за „А1он“ од Кабинетот на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир. Евроамбасадорот Гир јавно веќе кажа дека е вознемирувачки што предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се носи во скратена постапка, која ги ограничува дискусиите за измените. Тој предупреди дека измените треба да се носат во консултација со сите релевантни фактори, но новинарските здруженија кај нас повеќе од шест месеци алармираат дека воопшто не се консултирани во ниту една фаза од подготовката на измените за кои сметаат дека се класичен поткуп на медиумите. Законот е блокиран со 1.300 амандмани од Левицата откога во скратена постапка стигна до второ читање во Собранието.

„Ставот на ЕУ за амандманите на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги е дека ваквите измени треба да бидат компатибилни со стандардите и најдобрите практики на ЕУ и треба да бидат направени врз основа на политички консензус и да следуваат по консултациите со сите релевантните фактори. Ова е особено важно сега кога процесот на преговори за пристап на Северна Македонија доби динамика, вклучително и преку скринингот. Билатералните средби за скрининг на Поглавјето 23 почнаа вчера, а продолжуваат и денес, и прашањата за медиумите и слободата на изразување интензивно се дискутираат“, велат од Кабинетот на евроамбасадорот Гир.

Од таму не одговорија на прашањето од „А1он“ дали можеби предлагањето вакви измени од Владата токму во овој момент може да се припише на потфрлање на Мисијата на ЕУ во Скопје, која има цел да го претстави на домашните фактори ЕУ-законодавството поради усогласување.

Предложените измени за најголем дел од медиумите значат враќање на практиките за владеење на Никола Груевски со контрола на медиумите, мешање во уредувачката политика и скратување на слободата на говорот преку финансирање од државниот буџет, методи за кои власта на СДСМ пред пет години се колнеше дека ќе ги искорени.

Против предложените измени се изјасни и Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, која, меѓу другото, смета дека ваквиот закон е во корист само на петте национални телевизии и ги става другите медиуми во подредена положба во однос на финансирањето. Измените предвидуваат од државниот буџет да се одвојат задолжителни 0,1 отсто за медиуми, од кои 80 отсто ќе одат за петте национални телевизии, а 20 отсто за другите за објавување јавни кампањи.

На билатералните средби за скрининг на Поглавјето 23 во Брисел е заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. „А1он“ го праша дали измените на законот пред експертите од Европската комисија ќе ги претстави реално и ќе каже дека стигнаа до Собранието без консултација со новинарските здруженија, со што е избегната една од клучните насоки на ЕУ. До објавата на текстот Маричиќ не одговори на прашањата.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on