На Аљаска дојде до нова, посилна ерупција на вулканот Вениаминоф кој од јуни постојано исфрла лава и мала количина на пепел и пареа.
Вукланот, кој што се наоѓа 805 километри југозападно од Енкориџа, од вчера исфрла пепел во вид на облак, од 4,8 километри височина.
Ова е една од најсилните ерупции детектирани во тој вуклан летово, а може да има и посилна ерупција, предупреди Вулканската опсерваторија на Аљаска.
Но, ерупциите не се поврзани со силните земјотреси, кои вчера го погодиле островот Адак.
-Тектонските плочи се исти, но нема директна врска помеѓу ерупцијата на вулканот и земјотресот-изјави научникот од опсерваторијата, Џон Пауер.
Елена Георгиевска