Денеска околу 11 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, извести МВР.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот, велат од МВР.