Во три основни училишта во Скопје упатени лажни закани за бомби

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Имено, денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски