Две лица загинаа денеска во пад на мал авион во северозападната турска провинција Бурса, јави агенцијата Анадолија.
-Едномоторниот авион се урна во ненаселен регион во близина на фабрика за природен гас во областа Османгази, изјави гувернерот на Бурса, Јакуб Канболат.
Авионот полетал на тренинг лет од Памукова, во соседната провинција Сакарија.
Спасувачките екипи се упатиле на местото откако вработените во фабриката ги известиле за несреќата.
-Причината за несреќата се уште не е позната, но истрагата е во тек, рече Чанболат.
Извор: МИА