Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ООУ „Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Од:

Општина Центар по однос на денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно информира дека станува збор за лажна дојава.

– Откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи по што полициски службеници веднаш го евакуираа училиштето. Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава, вели Горан Герасимовски, градоначалник на Центар.

Ова е прва дојава за бомба во основно училиште. Пред 20-на дена дојава за бомби преку електронски пат имаше во неколку средни училишта во Скопје.

Општина Центар во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар