Вулин избран за директор на БИА

Од:

За директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА) денеска е именуван Александар Вулин, поранешен министер за полиција, јави дописникот на МИА од Белград.

Оваа позиција остана испразнета кога на чело на Министерството за внатрешни работи беше избран Братислав Гашиќ.

Вулин е избран за директор на БИА на седница на Владата на Србија, а претходните две години ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи.

Вулин е поранешен министер за одбрана, министер за труд и социјала, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија и пратеник во Собранието. Кон крајот на деведесеттите години на минатиот век бил функционер на југословенската левица (ЈУЛ) на Мира Милошевиќ, сопруга на Слободан Милошевиќ.

Во неговата биографија пишува дека тој прв јавно го употребил терминот „српски свет“, поради што се смета за негов творец.

Во јавноста е познат и по изјавата дека од тетка му од Канада добил пари за да купи стан во Белград.

Претседателот на СНС, Александар Вучиќ, не го прочита името на Вулин кога ги објави имињата на новите министри и не му се заблагодари за „досегашната соработка“, што ги подгреа претходните шпекулации дека поранешниот министер на полицијата ја чека функцијата директор на БИА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он