Македонската кошаркарска репрезентација денеска во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи последниот тренинг пред Европското првенство во кошарка, што ќе се одржи од 4 до 22 септември во Словенија.
Влезот во спортската сала за сите заинтересирани граѓани ќе биде слободен.