Сан Франциско дозволи полицијата да користи роботи со експлозиви

Од:

Надзорниот одбор на градот Сан Франциско гласаше да и дозволи на градската полиција да користи „роботи убијци“ или роботи опремени со експлозиви. SFPD изјави за Би-Би-Си дека во моментов не користи роботи опремени со смртоносни уреди. Но, таа додаде дека такво сценарио е можно во иднина.

Портпаролот на полицијата рече дека „роботите би можеле да имаат експлозив во себе што ќе се користи за пробивање на утврдени објекти во кои се сместени насилни, вооружени или опасни субјекти“. Тој, исто така, рече дека тие ќе се користат само во екстремни ситуации.

Мерката беше донесена во вторникот со амандман со кој се прецизира дека полицајците можат да ги користат овие роботи само откако ќе користат алтернативни тактики за деескалација. Противниците на оваа одлука наведуваат дека тоа може да доведе до дополнителна милитаризација на полициските сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Камерите го снимија убиството на милионерот Боб Ли: Паѓаше и ползеше по тротоарот, молеше за помош но никој не дојде

Иако нема заразени, Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради коронавирусот

А1он

Фондацијата на Закерберг вложува во изградба на станови во Сан Франциско

Наум Локоски

ФОТО: Маж два дена поминал заглавен во одвод за масти на кров на ресторан

Наум Локоски

Најмалку две лица се убиени во престрелката во складот на „УПС“ во Сан Франциско

Наум Локоски