Денеска облачно со дожд, на планините снег

Од:

Времето денеска во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми.

Наместа, особено во јужните делови, врнежите ќе бидат пообилни.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од два до седум, а максималните од четири до девет степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималнaтa температурa ќе се спушти до четири, а максималнaтa до шест степени.

Локално, особено во јужните делови, врнежите ќе бидат пообилни (над 35 л/м2), а во петок и сабота ќе има преодно стабилизирање на времето.

Од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување