Ковачевски до Мицкоски: Дали на домашни и странски политичари им велиш дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?

Од:

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од трибината од Куманово вечерва упати прашање до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: „Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“ Нека одговори па нека чујат и странците и нашите граѓани“, истакна Ковачевски.

Ковачевски порача дека „Христијан Мицкоски е упашен и нервозен, затоа постојано бара предвремени избори, затоа што како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите а вчера и самиот Мицкоски лично го призна тоа“.

„Храброст не е да седиш на страна, да се криеш зад Апасиев, да правиш штета на својата земја и да бараш предвремени избори. Храброст е да засукаш ракави, да обезбедиш струја, вода, енергија во време на најголема криза.Храброст е да обезбедиш најголем пакет антикризни мерки на Балканот додека целиот свет страда. Храброст е да се донесе Буџет со нова економска визија за економска пресвртница. Храброст е да се обезбеди македонскиот идентитет еднаш засекогаш. А најголема храброст е да се донесе тешка одлука за иднината на земјата а не да се криеш како заложник зад Апасиев“, потенцираше Ковачевски вечерва во Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он