Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10%

Од:

Цената на лебот веќе се намали, цените на маслото за јадење на некои производители исто така се намалија како резултат на последната мерка, а во наредиот период очекувам стабилизирање и намалување на цените на основните прехрамбени производи до 10%, порача премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од Куманово.

„Антикризните мерки даваат резултат, но имаме уште работа. Децата мора да одат в училиште, мора да имаат греење, мора да има електрична енергија за да функционираат градинките, училиштата. Мора да функционираат и болниците, здравствените работници да имаат услови за работа и да се грижат за здравјето на пациентите. Затоа во регулираниот пазар на струја овозможивме да се вклучат јавни здравствени установи, како и 365 основни и 109 средни училишта, вкупно 518 субјекти“, рече Ковачевски.

Тој потсети дека покрај субценионирањето на цената на струјата, обебзедена и дополнителна финансиска помош за електрична енергија за семејствата со ниски примања.

„Продолжува и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно помагаме 4.000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија. Со оваа мерка, секое семејство е помогнато со скоро 200 евра во текот на годината, додаде Ковачевски во Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права