Рускиот претседател Владимир Путин, издаде активен меморандум на вооружените сили со наредба да извршат масовен воен удар врз Саудиска Арабија, доколку западните сили ја нападнат Сирија.
Путин оваа наредба ја издаде на почеток на август по состанокот со саудискиот принц, Бандар бин Султан, кој се обидел да ја предомисли Русија да попушти во поддршката на сирискиот претседател Башар ал Асад. Саудиско официјално лице на Путин му понудило исплатив бизнис со нафта доколку попушти.
-Нашиот став према Асад, никогаш нема да се промени. Веруваме дека сирискиот режим е најдобар претставник на сирискиот народ и тоа секако не се оние кои јадат човечки органи, одговори Путин, мислејќи на видеото од Сирија, во кое еден од бунтовниците со нож вади човечки органи од убиен сириски војник и ги јаде.
Тогаш саудискиот принц, кој воедно е и шеф на разузнавачката служба, рекол дека неговата држава ќе ги пушти од синџир чеченските терористи врз кои има контрола и кои ќе извршат масовни напади и ќе предизвикаат хаос во текот на Зимските олимписки игри во Сочи Идната година.
Руската служба располага со податоци дека американскиот претседател Барак Обама, набргу по нападот на Сирија, ќе удри на Иран, со што лесно би можела да започне третата светска војна.
САД и сојузниците веќе стационираат свои трупи во близина на крајбрежјето на Кипар. Америка ја исклучува унилатералната воен акција против Сирија, а со сојузниците преговара за можни казнени удари кои би можеле да потрајат и повеќе од еден ден, соопшти вчера високо американско официјално лице.
Обама и сојузниците планираат реакција и н аевентуална одмазда на сирискиот режим во случај да дојде до воена акција која што би ја предводела Америка.
Елена Георгиевска