(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Од:

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот, најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени а тоа е кривичното дело убиство. Адвокатот Иле Танев, бранител на првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски смета дека казната е драконска.

„Секако само што ќе ја добиеме пресудата уште сега најавуваме жалба. Мислам дека пресудата е драконска, казната превисока. Мислам дека една трагедија не се решава со друга трагедија. Ова за нас преставува голема неправда, но не можам да ви кажам на околности на кои ќе поднесеме жалба, затоа што треба да ја добиеме во писмена форма. Веројатно ќе биде во делот на правната квалификација како што најавивме уште на почетокот. Не постои ни најмал сомнеж дека постои овдека умисла кај обвинетите, но таков е ставот на судот, и затоа сме тука ние да го оспориме и да поднесеме жалба“, рече Танев.

Тој и покрај ставот на судијката која ги изрече казните, тврди дека немало умисла во случајот, што е потребно за да се исполни битието на делото и да се изрече казната.

„Мислам дека и во тој дел не издржана е таквата констатација затоа што во моемнтот кога се случува настанот не постои никаква умисла, а најмалку директна или евентуална како што тоа го наведува судот. Самиот факт што обвинетите остануваат и му пружаат помош на сега починатиот ја исклучува секаква сумисла. Каде би било тоа убиство и кои се елементите на убиството кога они му пружаат помош и остануваат до крај. Не можат да бидат свесни затоа што тој е ракометар, тој е физички подготвен. Со еден удар вие да убиете ракометар тоа е апсурд. Ако имате во предвид дека Анџело има полуинвалидна рака каде што има оштетувања ракометарот на еден натпревар сигурно добива десет пати посилни удари, но секако дејството на алкохолот си го направило своето. Он можеби ако бил бутнат само ќе паднел, но сега тоа е констатацијата. Затоа на сите овие елементи што се наведени ние ќе поднесеме жалба, но по добивањето на пресудат“, додаде тој.

„Обавезно“. Ова е одговорот на Емил Гугутчески, адвокат на Клементина Лефковска на прашањето дали ќе ја обжали пресудата.

„Не се правилно ценети сите факти. Пресудата ќе биде обжелена во секој случај, превисоко е определена оваа казна . сметаме дека спрема нашата обвинета климентина во никој случај не постои ова кривично дело убиство. Да има преземено одредени дејствија удар, но од нејзинот удар нема настанато смрт во никој случај. Самите видовте дека од безбедносните камери не се такви удари нејзините кои би нанеле смрт. Да се по глава меѓутоа од нејзиниот удар не е настаната смрт и смртните последици. Не постои во ниеден момент прекин на рбетниот столб односно на рбетниот мозок“, вели тој.

И адвокатот Еленко Миланов, бранител на Андреј Костовски, третообвинет, најави дека ќе бара правда пред Апелација.

„Секако ќе ја обжалиме пресудата, како по основот така и по основот на висината“, кажа Миланов.

Сите обвинети, добија вкупно 52 години затвор. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

Лелек, тензии и негодување за високите казни од обвинетите: „Кај ќе ви оди душата?“, „Ќе ме избркате од судница?, „Чист сум пред Бога“

Кристијан Ландов