Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили се обидуваат да напредуваат во регионите Донбас и Харков и оцени дека ситуацијата на линијата на фронтот се уште е тешка.
„Ситуацијата на фронтот е тешка“, рече Зеленски во ноќното видео обраќање.
Украинскиот претседател тврди дека руските сили „и покрај големите загуби“ се уште се обидуваат да напредуваат кон регионот на Донецк и да се зацврстат во регионот Луганск, како и дека се обидуваат да влезат во регионот Харков, а „исто така планираат нешто на југ. “, пренесува Ројтерс.