Сите монаси во еден тајландски будистички храм користеле кристален мет

Од:

Будистички храм во централниот дел на Тајланд остана без монаси откако сите паднаа на тест за дрога. Сите монаси беа ослободени од должностите поради употребата на метамфетамин, дрога позната како кристален мет.

Монасите се испратени во здравствена клиника за лекување на зависност од дрога.

Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Тајланд е главната транзитна земја за метамфетамин што доаѓа преку Лаос од државата Шан во Мјанмар, пишува CBS. Јаба, пилула која содржи кофеин и метамфетамин, се продава на улица. Цената на една таблета е помала од 20 бати, што е околу 50 центи.

„Метам, а особено Јаба, лесно може да се најде во секој агол на Тајланд. Понудата се зголеми насекаде, а во моментов пилула е поевтина од пиво“, изјави Џереми Даглас од UNODC за Thai Inquirer.

Властите низ Југоисточна Азија и ширум светот направија рекордни заплени на метамфетамин во последните месеци. Минатиот месец, Хонг Конг наводно ја направил најголемата заплена на метамфетамин во историјата. Пронајдени се 1,8 тони течен метамфетамин скриен во пакувања со кокосова вода.

Би можело да ве интересира

Ултиматум на Украина до монасите: Напуштете ја Киевско-печерската лавра

Снежна војна на монасите од Света Гора

Маја Илиевска-Пачемска