Се шират теории за ненадејната смрт на белорускиот министер: „Тој беше отруен, Лукашенко е во паника“

Од:

Министерот за надворешни работи на Белорусија Владимир Макеи ненадејно почина пред два дена на 64-годишна возраст, јави државната новинска агенција Белта.

На почетокот на минатата недела тој учествуваше на конференцијата на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) – воен сојуз на неколку постсоветски држави – во Ереван, а денеска требаше да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Пред претседателските избори и масовните антивладини протести во Белорусија во 2020 година, Макеи беше еден од иницијаторите на напорите за подобрување на односите на Белорусија со западните земји и ја критикуваше Русија. Но, по почетокот на протестите, тој нагло го смени ставот, тврдејќи дека демонстрациите биле инспирирани од западни агенти.

„Шокирани сме од веста за смртта на шефот на Министерството за надворешни работи на Република Белорусија, Владимир Макеи“, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот канал Телеграм.

Се проширија теории за смртта

Бидејќи не е познато дека боледувал од некоја хронична болест, се појавија различни теории околу неговата ненадејна смрт. Некои извештаи велат дека тој имал срцев удар и неговата смрт го потресла белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој сега „се плаши за сопствената безбедност“.

Бизнисменот со руско потекло, сега во егзил во Израел, Леонид Невзлин тврди дека Макеи „умрел како резултат на труење со отров развиен во специјална лабораторија на ФСБ“. Тој цитираше извори за кои тврди дека се блиски до руските специјални служби, тврдејќи: „Клиничката слика во такви случаи одговара на смрт од мозочен удар или срцева слабост“.

Невзлин тврди дека теоријата за труење „е поддржана од фактот дека 64-годишниот службеник немал здравствени проблеми, водел активен животен стил и правел планови за иднината“. Тој цитираше неименуван руски токсиколог, кој наводно рекол дека „многу е лесно да се отруе човек за сите да мислат дека умрел од природна смрт“.

„Лукашенко е во паника“

„Смртта на Макеи, во суштина вториот најважен човек во земјата, предизвика паника во круговите на белоруската номенклатура. Но, најпотресен беше Лукашенко. Тој нареди да се сменат неговите готвачи, слуги и чувари. Децата на Лукашенко добија дополнително обезбедување.“, тврди Невзлин.

Невзлин заклучи дека Лукашенко се плаши дека неговиот наводен сојузник Путин му приредува „величествен погреб“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина

Лукашенко помилува Германец осуден на смрт во Белорусија

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин