Руската влада испрати дваесетина воени бродови во патрола на нивните поморси бази во Сирија.
Претседателот, Владимир Путин го одобри праќањето на ракетите Јаконт, што за САД и Европа значи агресивен руски обид да ги одврати запад и Израел од интервенција во Сирија.
Според сириската новинска агенција „САНА“ пет руски воени бродови го поминаа Суецкиот канал и влегоа во Средоземното море.
Портпаролот на руската воена морнарица изјави дека тоа е за прв пат во последните неколку децении руската флота да влезе во Средоземното море.
Според неговите зборови, руските воени бродови одат кон Кипар. Рускиот министер за одбрана потврди дека Русија собира посебни поморски сили на Медитеранот за да ги заштити руските интереси во регионот.
Елена Георгиевска