СДСМ: Мицкоски нема план и нема став, Апасиев го зема во заложништво

Од:

„СДСМ има обврска да го држи кормилото на државата во вистинскиот, европски правец и да ги спречи сите обиди за негово загрозување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава. Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат“, соопшти СДСМ.

„Опасноста е присутна и е се поголема затоа што оваа партија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги зема како нивни заложници.

ВМРО-ДПМНЕ е целосно идеолошки обезличена а Мицкоски е слаб, нема став, нема визија и нема државничко чувство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат план, а тоа го признаваат и високи функционери на партијата.

Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво Мицкоски и ВМРО–ДПМНЕ.

Таквите потпалувачки политики може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат, но тоа СДСМ нема да го дозволи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он