Во Јонско Море британско-албански воена вежба

Од:

Во водите на Јонско Море, во воените бази Пашалиман и островите Сазан и Карабурун, кај Валона, се одржаа воена вежба „Албански лав 2013“ со учество на британски, холански и албански морнари, јави дописникот на МИА од Тирана.

Воената вежба е во рамките на НАТО, а учествуваат над 3.000 припадници на воената морнарица на Велика Британија и по неколку стотина од Холандија и од Албанија, повеќе воени бродови и друга логистика.

На денешната средба на албанскиот премиер во заминување Сали Бериша, командантот на Британската морнарица, генералот Ед Дејвис искажал висока оценка за албанските партнери и соработката и успешното одвивање на воената вежба.

– Маневрите се целосно успешни и ние сме подготвени да понудиме искуство и логистика и во иднина, изјави Давис.

Бериша од своја стртана се заблагодарил за соработката меѓу двете држави, посебно меѓу нивните две армии и ја нагласил подготвеноста на Албанија да одговири на сите барања на Алијасата.

Бериша завчера изјави дека Тирана дава целосна подршка за напад на сирискиот режим од страна на САД и трупите на НАТО, објаснувајќи притоа дека неговата земја е подготвана да ги исполни сите барања кои би се побарале од неа. Истата поддршка ја даде и лидерот на Социјалстите, Еди Рама кој на почетокот на септември и официјално станува нов албански премиер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици