Македонската кошаркарска репрезентација подготвена патува на Еуробаскетот во Словенија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација е во завршната фаза од подготовките за настап на Европското првенство што од 4 до 22 септември ќе се одржи во Словенија.

Играчите денеска се појавија и на последната прес-конфренција пред патувањето во Словенија. Селекторот Алеш Пипан остана доследен и списокот со 12 кошаркари ќе го соопшти в недела.

– Македонската репрезентација е подготвена. Играчите месец ипол работат како вистински професионалци и едвај чекаме да почне првенството. Ќе играме натпревар по натпревар, ќе дадеме се од себе и сите задоволни да се вратиме во Македонија. Сите групи се силни. Нашата група има посебна тежина, секој секого може да победи, некои можеби ги сметаат Литванија и Србија за фаворити, но тешко е да се прогнозира, истакна Пипан.

Тројката на Владо Илиевски во четвртфиналето на претходното Европско првенство ја однесе Македонија во борба за медалите. Илиевски е еден од најискусните во составот на Пипан.

– Главна цел е секако да се мине првиот круг, а за потоа сметам дека ќе ни биде полесно и дека ќе нема толку голем притисок и тогаш ќе бидеме поопасни, изјави Илиевски.

Македонската репрезентација до недела ќе тренира, а за Словенија се заминува на 2 септември. Македонија првиот натпревар на ЕП во Б групата во Јесенице го игра на 4 септември против Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ