Херсон повторно има струја

Од:

Електричната енергија е вратена во градот Херсон во јужна Украина, откако претходно овој месец беше ослободен од руската окупација, објави заменик-шефот на кабинетот на претседателот Кирил Тимошенко.

„Прво ја снабдуваме електричната енергија на клучната градска инфраструктура, а потоа и на домашните потрошувачи“, напиша Тимошенко на Телеграм.

Градот беше без струја, централно греење и вода кога украинските сили го ослободија на 11 ноември. Руските сили го зазедоа Херсон кратко по инвазијата на Москва на 24 февруари и тоа беше единствениот регионален главен град што успеаја да го заземат.

Нивното повлекување претставува значителна загуба за Москва, но украинските власти велат дека руските сили сè уште го гранатираат градот од другата страна на реката Днепар. Шефот на локалната администрација во петокот изјави дека во изминатите шест дена загинале 15 лица, а 35 се ранети.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски