(ВИДЕО) Митева: Катастар пред банкрот, зголемување на давачките до 500 отсто

Од:

„Во услови на длабока сиромаштија, кризи и инфлација, СДСМ им воведе нови поскапи цени на услугите на Агенција за катастар на недвижности. Со новиот Тарифник на Катастарот услугите за добивање одредени податоци се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве и неколку примери за тоа:

-Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, односно за повеќе од 100 отсто, или

-ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или

-ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари итн.

Всушност, запишување на стан има зголемување за преку 300%, запишување на парцела има зголемување од 100%, имотен лист зголемување за 40%, а зголемување на поедини производи оди и до 500%.

Ваквите измени на тарифникот се направени без никаква консултација со најзасегнатите страни. Ваквите измени согласно член 37 став 2 од Законот за катастар на недвижности, ги донесува Управниот одбор на Агенцијата по претходно добиена согласност од страна на Владата. Ова докажува дека додека власта со полна уста зборува за наводна грижа и помош за граѓаните и за стопанството во услови на економска криза, дава согласност за зголемување на цените на услугите кои им се неопходни на граѓаните и бизнисот. Власта на дело покажува самоволие и невиден грабеж. Со ваквиот тарифник сосема е јасно дека во голема мера се доведува во прашање рентабилноста и опстојувањето на Агенцијата за катастар на недвижности. Дали власта сака со ова да го спаси Катастар од банкрот? Дали ова ќе биде уште една институција која ја претворија во загубар? Дали Агенцијата е во состојба да обезбеди плати за вработените или преку зголемување на давачките ќе се обиде да ја сокрие реалноста?

Овие поскапувања не се ниту први ниту единствени во време на СДСМ. Оваа Агенција нема да биде ниту прва ниту единствена која ќе ја упропастат. СДСМ е прва и единствена политичка партија која етапно го уништува системот во државата. СДСМ мора да замине“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот