Во САД се зголемува недостигот на клучни лекови за лекување на детските болести како што се респираторните инфекции.
– Во моментов имаме сериозен недостиг од лекови. Тамифлу за деца немаме, и едвај имаме за возрасни. Што се однесува до антибиотиците, не останаа многу, вели фармацевтот од Оклахома, Рене Крафт, пренесе Си-Ен-Ен.
Најмногу недостига Амоксицилин, а американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека циркулација на вируси во повеќе од половина од американските држави е „висока“, а во некои случаи и „многу висока“.
– Сведоци сме на рекорден број на респираторни инфекции кај малите деца. Обично, врвот на бранот е во декември или јануари, но сега тоа се случува во ноември, потенцира Скот Робертс, експерт за заразни болести на Универзитетот Јеил, јавија американски медиуми. Тој додаде дека коронавирусот е сè уште доминантен.
Извор: МИА