ВИДЕО: Се шири лажна снимка во која се тврди дека Украинците во Катар го користеле нацистичкиот поздрав

Од:

На проруските канали на Телеграм и кинеската социјална мрежа Веибо кружи лажна снимка на Ал Џезира во која се тврди дека пијани Украинци биле уапсени во Катар за време на Светското првенство поради користење нацистички поздрави.

Според Еуро њуз, видеото вклучува официјална графика на Ал Џезира, медиумот со седиште во Доха, но нема ништо што укажува на тоа дека Ал Џезира го изработила или објавила видеото. Апсењата на Украинците во Катар не се евидентирани.

Во видеото се користат стари слики

Во видеото се користат стари фотографии, направени неколку месеци пред Светското првенство, како и неколку манипулативни слики. Ал Џезира објави соопштение во кое вели дека видеото е „целосно лажно“.

“На социјалните мрежи кружи видео кое му се припишува на Ал Џезира, а се однесува на апсењето на украинските навивачи за време на Светското првенство во фудбал. Видеото е целосно лажно и Ал Џезира никогаш не објави вест поврзана со оваа приказна”, соопшти Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски