Турција: „Неутрализирани се“ 326 курдски милитанти

Од:

Турција соопшти дека повеќе од 300 курдски милитанти биле „неутрализирани“ во офанзивата што почна во неделата во северниот дел на Сирија и во северен Ирак.

– Операцијата „Канџа-меч“ е во тек и се извршуваат воздушни напади и има поддршка од копно. Досега се неутрализирани 326 терористи, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Анкара го користи терминот „неутрализиран“ за убиени или заробени милитанти.

Цели на турската операција се Единиците за одбрана на народот (ИПГ) и забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). Официјална Анкара ги обвинува ИПГ и ПКК за минатонеделниот напад во Истанбул, при што загинаа шест лица, а беа повредени повеќе од 80.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски